Барселона лани му помогна на Атлетико Мадрид да ја освои титулата, дали овојпат ќе му помогне да ја одбрани?

by
1 минути читање

Минатото лето Куман реши дека Суарез не му е потребен, а Барселона му го даде на Атлетико Мадрид и погреши.

Токму Луис Суарез одигра фантастична сезона, беше најдобар и главен мотор на Атлетико за титулата во Ла Лига.

Тоа беше протолкувано како голема грешка на Барселона која буквално му помогна на Атлетико Мадрид да биде прв во шпанското првенство.

Се чинеше дека лекцијата е научена, но не е така, овој преоден рок се случува истото. Барселона на Атлетико Мадрид му го даде Антоан Гризман и повторно го спои со Суарез, овојпат во ривалскиот тим.

Гризман многу добро го познава тимот на Атлетико Мадрид каде што и се промовираше на светската сцена. Се очекува многу брзо да се вклопи и да формра опасен тандем со Суарез.

Барселона на Атлетико Мадрид му даде засилување кое може да биде клучно за одбрана на титулата во Ла Лига, дали ќе биде така, останува да видиме.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×