293
Барселона со недели работи на продолжување на договорот на Дембеле кој по крајот на сезонава станува слободен играч.
Засега нема прогрес во преговорите и покрај тоа што и Дембеле сака да остане на Камп Ноу.
Проблем е тоа што Барселона може и му нуди договор со значително помала плата од таа која ја заработува сезона.
Дембеле не одговори на последната понуда на Барселона, а за три дена ќе може да преговара и со други клубови.
Според „Мундо Депортиво“, Барселона овие денови ќе го направи последниот обид да го задржи Дембеле.
Се верува дека за него интерес има од Премиерлигашки клубови, а најголема плата може да му понуди Њукасл.