Барселона ќе има прилика од прва рака да ја скаутира својата желба од Наполи

by
1 минути читање

Утревечер со
почеток од 18,45 часот Барселона на свој терен го пречекува тимот на Наполи во
првата пресметка помеѓу овие две екипи во 16 финалето од Лига Европа.

Според пишувањата
на „Спорт“. Барселона утревечер ќе има можност одблизу да го скаутира Калиду
Кулибали, дефанзивецот кој е голема желба на Каталонците.

Актуелниот
договор на централниот дефанзивец со Наполи истекува идната година, а иако во
Италија шпекулираат дека тој е во напредни преговори со клубот околу можноста
за продолжување на договорот, како и тоа дека би можел да ја добие
капитентската лента, сепак Барселона нема намера да се откаже.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×