Барселона ја победи Селта, Јамал донесе победа – но се повреди и е под ризик за СП! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Барселона стигна до тешка, но важна победа над Селта од 1-0 на „Камп Ноу“, во натпревар кој го одбележа повредата на младиот талент Ламин Јамал.

Токму Јамал беше стрелец на единствениот гол, реализирајќи пенал во финишот на првиот дел, но веднаш потоа се повреди и беше заменет. Првичните информации укажуваат на проблем со задната ложа, што отвора сериозен сомнеж дека сезоната за него е завршена.

Екипата на Ханси Флик имаше контрола во вториот дел и мирно ја одржуваше предноста. Феран Торес постигна гол кој беше поништен поради офсајд, додека Селта најмногу се закани преку Јаго Аспас, но без конкретен ефект.

Каталонците ги освоија трите бода и остануваат во чекор со Реал Мадрид, но најголемата неизвесност сега е здравствената состојба на Јамал во пресрет на Светското првенство.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×