Голем број на извори од Шпанија пренесуваат дека е договорен трансферот на Феран Торес во ПСЖ, Барселона ќе инкасира околу 50 милиони евра.
Заврши трансфер сагата на Феран Торес, Барселона и ПСЖ вчера си подале рака за преселба на Шпанецот во Париз.
Изминативе денови се пишуваше за зделка вредна 50 милиони евра, плус додатни 5 милиони евра во бонуси, но последните информации велат дека трансферот ќе изнесува околу 50 милиони евра како фиксен дел, без никакви бонуси.
Одредени извори велат дека зделката намерно е вака „наштелувана“ за Барселона да не му плати ништо на Манчестер Сити.
Имено, доколку трансферот изнесувал 55 или повеќе од 55 милиони евра, „каталонците“ ќе требале да им платат на „граѓаните“ дури 10 милиони евра.