Барселона изненадува со првото засилување за Чави, закажани преговори со Дани Алвеш

by
1 минути читање

Дани Алвеш може да биде првото засилување за Чави.
38 годишниот Бразилец минатиот месец ги понуди своите услуги, но тогаш Жоан
Лапорта му кажа НЕ.

Сепак, со Чави на клупата, плановите се променети
па Дани Алвеш закажал состанок со раководството на Барселона на кое ќе се
разговара за негово враќање на Камп Ноу.

„Дани Алвеш му помага на клубот на многу начини,
се понуди да ни помогне и на спортско поле“
– рече Жоан Лапорта на синоќешната
промоција на Чави.

Дани Алвеш во моментов е слободен играч откако му
заврши договорот со Сао Пауло, но дури и да потпише договор со Барса ќе треба
да почека до јануари за да може да го облече дресот на „каталонците“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×