Осман Дембеле ги одработува
последните месеци од договорот со Барселона, на маса има предлог за
продолжување на соработката, но двете страни никако да пронајдат заеднички
јазик.
Се говореше дека
денеска ќе има нов состанок на кој ќе се бара компромис, но спортскиот директор
Матеу Алемани ги негираше ваквите написи и испрати јасна порака до Французинот.
„Немаме закажано
состанок за денеска. Разговараме со неговите агенти веќе пет месеци, тие ја
знаат нашата позиција, знаат дека сакаме да го задржиме фудбалерот и знаат
каква е понудата. Бевме доволно трпеливи, не можеме да одолговлекуваме до
бесконечност“ – вели Алемани.
„Чекаме одговор од
нивна страна и потоа ќе превземеме соодветен чекор, сценаријата му се познати
на играчот“.
Доколку Осман
Дембеле одбие да стави потпис на нов договор, Барселона ќе се обиде да го
продаде во јануари, или пак да го трампа за некој фудбалер. Доколку играчот
одбие да замине, и чека да го напушти клубот беспари по крајот на сезоната, се
говори дека „каталонците“ ќе превземат непопуларен потег и ќе го остават да
дреме на трибини шест месеци.