Барселона имала скаут на мечот во Лига Европа: Што ли напиша Вучевиќ во нотесот за Јовиќ?

by
1 минути читање

Поранешниот
фудбалер на Барселона, Хрватот Горан Вучевиќ бил на трибините од мечот помеѓу
Ајнтрахт Франкфурт и Интер, во првата пресметка помеѓу овие две екипи од
осминафиналето од Лига Европа, која заврши без голови.

Хрватот бил
испратен од Барселона како скаут за да во живо го проследи настапот на 21
годишниот српски напаѓач од редовите на Бундеслигашот, Лука Јовиќ, кој од
поодамна се поврзува со трансфер во Барселона, но, Мундо Депортиво иако објави
за оваа вест, сепак додава дека Србинот засега не е приоритет за тимот од Камп
Ноу кој очигледно одблизу ја следи ситуацијата со Јовиќ кој игра во одлична
форма.

На гледалиштето
од стадионот, Горан Вучевиќ ги следеше потезите на Лука Јовиќ, српскиот напаѓач
кој досега постигна шест погодоци во натпреварите од Лига Европа оваа сезона,
како и 15 досега во Бундеслигата
пишува Мундо Депортиво.

Барселона досега
испрати скаути на 15 натпревари на Ајнтрахт Франкфурт за да се следат
изданијата на Јовиќ во живо, но, засега тој не е приоритетен фудбалер за
раководството на Барселона
“ додава каталонскиот медиум.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани