328
На почетокот на пандемијата од коронавирус кога Барселона прв пат ги тестирала своите фудбалери и стручниот штаб, дури пет од играчите и двајца техничари биле позитивни, тврди каталонското радио. Сите тие биле асимптоматичини.
Оваа информација не излегла од клубот, ниту била пријавена во Ла Лига која не соопшти за позитивни случаи со коронавирус на фудбалери од Барселона.

Постоела загриженост во таборот на Барселона дека овие пет играчи би можеле да бидат посензитивни на повреди во тренажниот процес, но засега сите фудбалери нормално ги одработуваат задачите без никакви проблеми. Нема информација кои пет фудбалери на Барселона биле позитивни на коронавирус.