174
Последни кои се заразија со ковид-19 во Барселона се Дест, Кутињо и Езалзули, а од претходно позитивни и во изолација се Дембеле, Умтити, Алба, Ленгле, Алвеш и Балде. Барса има и отсутни поради повреда, како Брајтвајт, Депај, Фати, Педри….
Во овој момент способни за тренинг и натпревари се само Лук де Јонг, Френки де Јонг, Пуџ, Пике, Араухо, Мингеза, Ерик Гарсија и голманите Тер Штеген и Нето.
Чави мораше да вика играчи од Барселона Б за да може нормално да одржува тренинзи.
Ла Лига треба да одлучи дали ќе го одложи натпреварот или Чави ќе мора да се потруди да скрпи некаков состав кој ќе го одигра мечот.