Барселона има нов план Б доколку не го ангажира Хулијан Алварез, Ханси Флик веќе дал зелено светло

by bojan
1 минути читање
Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид е прва желба на Барселона за засилување на нападот

„Каталонците“ го додале Луис Суарез од Спортинг како план Б доколку не успеат да го ангажираат Хулијан Алварез, тренерот Ханси Флик веќе дал зелено светло за ангажман на голгетерот од Колумбија.

Хулијан Алварез е целта број 1 на Барселона ова лето, но Атлетико Мадрид одбива да го продаде Аргентинецот на ривал од Ла Лига.

Популарниот „пајак“ оваа недела се врати на тренинг, се говори дека уште еднаш ќе ги извести Диего Симеоне и директорите дека сака трансфер на Камп Ноу, но и дека ова нема ништо да промени, Атлетико Мадрид и понатаму ќе остане на својот став.

Па Барселона размислува за план Б, и според Фабрицио Романо, последно име на листата со желби е Луис Суарез од Спортинг Лисабон.

Веста ја потврди и новинарот Жерард Ромеро, кој објави дека Ханси Флик веќе дал зелено светло за ангажман на голгетерот од Колумбија.

Па доколку во следните неколку дена нема прогрес во напорите за ангажман на Хулијан Алварез, клубот од Камп Ноу ќе се насочи на други цели.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×