Барселона и Реал Мадрид имаат склучено пакт за Илаиш Мориба

by
1 минути читање

Реал Мадрид, Барселона и Јувентус, единствените три клубови кои останаа дел од Суперлигата, ги продлабочиле пријателските односи.

Трите клуба склучиле пакт, дале ветување дека нема да си купуваат фудбалери еден од друг се додека и двете страни немаат интерес за да се реализира зделката.

Реал Мадрид се поврзуваше со Илаиш Мориба, но „Спорт“ пишува дека склучениот пакт значи дека кралскиот клуб нема да го ангажира младиот фудбалер.

Тој одбива да го продолжи договорот со Барселона, бара многу побогата понуда од нив, клубот смета дека тоа се непристојни барања за 18-годишен фудбалер и Илаиш веројатно ќе си замине како слободен играч кога ќе му истече договорот.

Доколку не беше склучен пактот меѓу клубовите, Реал Мадрид можеше да ја отвори вратата за големиот талент и да го добие како слободен фудбалер, но тоа нема да се случи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×