Фудбалерот на
Манчестер јунајтед, Ентони Марсијал наводно е загрижен за тоа дека не би можел
да пронајде нов клуб во јануарскиот преоден рок поради цената која би можела да
го блокира сиот тој процес.
„Еуроспорт“ тврди
дека 25 годишниот Французин добил зелено светло да влезе во потрага по нов клуб
во својата кариера, меѓутоа бараната сума од „Црвените ѓаволи“ во висина од 40
милиони фунти се чини дека ќе претставува проблем.
Истиот медиум
додава дека Марсијал е заинтересиран да остане во Премиерлигата, но,
поверојатно е сценариото да си замине од Островот, а се верува дека Барселона и
Атлетико Мадрид под будно око ја мониторираат ситуацијата со него.
Марсијал има
важечки договор со Манчестер јунајтед до 2024 година, а во истиот има опција и
за дополнителни 12 месеци, инаку неговата неделна плата изнесува 250 илјади
фунти, а истата речиси сигурно би била помала во случај да си замине.