Барселона го искористи киксот и дојде на +11 пред Реал (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Барселона запишаа важна гостинска победа од 0-2 против Хетафе и направија сериозен чекор кон одбрана на титулата во Ла Лига.

Избраниците на Ханси Флик долго време не успеваа да ја пробијат цврстата одбрана на домаќинот, но решението стигна во финишот на првото полувреме, кога Фермин Лопез ја искористи асистенцијата од Педри за водство од 0-1.

Во вториот дел, Хетафе немаше одговор, а конечниот удар го зададе Маркус Рашфорд, кој во 74. минута погоди по брза акција започната од Роберт Левандовски.

Со оваа победа, Барселона ја зголеми предноста на врвот на табелата на 11 бодови во однос на Реал Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×