Во Барселона се
сигурни дека се ближи моментот кога ќе се реализира засилувањето со Ерик Гарсија
од Манчестер Сити, објави „Спорт“, а 20 годишниот дефанзивец на „Камп Ноу“
треба да пристигне без никакво обештетување од причина што претстојново лето е
слободен играч на трансфер пазарот.
И повеќе од
извесно дека дека Гарсија ќе си замине од редовите на „Граѓаните“, каде
сезонава запиша само четири настапи, а такво сценарио навестуваше дури и Пеп
Гвардиола.
Барселона е во
исчекување на одлуката на Гарсија по последната понуда која беше испратена до
него, а се чини дека фудбалерот кој инаку е роден во Барселона и потекнува од
младинскиот погон на каталонскиот гигант, нема многу да се двоуми да се врати
дома.