166
Наместо вести за
продолжување на соработката со Лео Меси, Барселона вечерва соопшти дека
Аргентинецот го напушта клубот.
„Каталонците“
брифираат дека си подале рака со Аргентинецот, но документите не можат да бидат
потпишани поради финансиските правила на Ла Лига. Поради ова, напаѓачот ќе
замине од Камп Ноу.
Барса вели дека
тие и Лео Меси жалат што нема да се исполни желбата на двете страни, клубот
исто така му се заблагодари на фудбалерот за се што сторил и му посака среќа во
иднината.