Барселона е убедена дека летоска ќе донесе барем една ѕвезда од Халанд, Салах и Левандовски

by
1 минути читање

Неодамна беа
објавени лимитите за плати во Ла Лига, Барселона беше единствениот клуб со
минус, но и покрај тоа, „каталонците“ планираат летоска да донесат звучно име.

Жоан Лапорта и
неговите соработници се убедени дека ќе биде ангажиран барем еден од Ерлинг
Халанд, Мохамед Салах и Роберт Левандовски.

Според пишувањата
на Спорт, во моментов најизводлива операција е онаа за потписот на Роберт
Левандовски. Полјакот, преку својот агент, ја известил Барселона дека сака да
се пресели на Камп Ноу.

Преговорите
започнале уште во јануари, но пред Барса да тргне во финална офанзива, ќе
почека да види каква ќе биде одлуката на Ерлинг Халанд, Норвежанецот во април
ќе треба да го одбере новиот клуб.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×