Барселона е пред ангажман на првото засилување ова лето, но може да им направи голем проблем

by bojan
1 минути читање

Барселона е на чекор до ангажман на голманот Жоан Гарсија од Еспањол како прво засилување за сезоната 2025/26, но зделката може да им направи сериозни проблеми на „каталонците“ со оглед на тоа што Марк андре тер Штеген нема намера да го напушти клубот.

Жоан Гарсија имаше одлична сезона и со добрите партии на голот го привлече вниманието на многу клубови како Реал Мадрид, Барселона, Арсенал, Манчестер јунајтед и Њукасл.

Последните информации велат дека голманот навалува кон предлогот на „каталонците“ и во следните денови ќе одлучи за својата иднина.

Барселона можеби ќе издејствува голема победа на трансфер пазарот, но оваа зделка може да им направи и големи проблеми.

Војчех Шчесни веќе ја прифати понудата за продолжување на сезоната, а Марк андре тер Штеген нема намера да замине, Германецот планира да остане и да се бори за бројот 1 следната сезона.

ФОТО: X/RCD Espanyol

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани