Барселона е близу до договор за ангажман на Аспиликуета

by
0 минути читање

Барселона е мошне
близу до договор за ангажман на бекот на Челси, Цезар Аспиликуета, нешто што се
најавува извесен период, а интересот на Каталонците за искусниот фудбалер од
поодамна е веќе познат.

„Спорт“ наведува
дека преговорите помеѓу Барселона и 32 годишниот Аспиликуета се во напредна
фаза, а неговиот актуелен договор со Челси истекува на лето, со тоа што би бил
слободен играч на трансфер пазарот.

Неофицијалните
информации говорат дека Аспиликуета ќе потпише две годишен договор со
Каталонците, а во истиот ќе има опција и за дополнителни 12 месеци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×