Барселона добива инекција вредна 1,5 милјарди евра, компанија од Дубаи сака да го купи долгот на „каталонците“?!

by
1 минути читање

Пандемијата од
ковид-19 креираше огромни проблеми за Барселона, приходите драстично се
намалија, долгот порасна па Ла Лига им ги врза рацете на „каталонците“. Лео
Меси замина бидејќи правилата за финансиски фер-плеј го спречија новиот
договор, а неколку фудбалери мораа да прифатат кратење на платите за да можат да се
регистрираат новите засилувања.

Медиумите од
Шпанија сега пренесуваат дека компанија од Дубаи сака да ја подобри ликвидноста
на Барса и сака да го купи долгот на „каталонците“ (од околу 1,35 милјарди
евра).

Се пишува дека
условите биле прилично поволни, Барса ќе има целосен мораториум од две години,
во овој период клубот не треба да плати ништо, со можност мораториумот да биде
продолжен до 12 години.

Доколку раководството
на Барселона одговори позитивно, веднаш ќе добие инекција од 1,5 милјарди евра
и ќе може да донесе засилувања во зимскиот преоден рок.

Сепак, извори од
Камп Ноу за Мундо Депортиво ги негираат овие написи и велат дека нема преговори
за ваква финансиска инекција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани