Барса виде малку аир од Пјаниќ па сака да го врати Босанецот во Јувентус во замена за Бентанкур

by
1 минути читање

Барселона и Јувентус минатото лето направија голема размена, на Камп Ноу пристигна Миралем Пјаниќ а на „Алианц Арена“ се пресели Артур Мело.

„Каталонците“ освен што имаа позитивен прилив во билансот од зделката, видоа малку аир од Миралем Пјаниќ на терените. Босанецот не успеа да се наметне кај Роналд Куман и нема одиграно ниту една минута од март месец.

Па Барса бара нов клуб за фудбалерот од средниот ред и одново седналa на маса со Јувентус. Новинарот Жерард Ромеро пренесе дека пред две недели било разговарано за нова трампа, односно Миралем Пјаниќ да се врати во Торино, а Родриго Бентанкур да се пресели во Барселона.

Преговорите сепак не напреднале, во моментов се во прекин но двата клуба одново ќе разговараат во следните месеци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×