Фановите на
Барселона минатата година беа загрижени откако беше објавено дека Лео Меси има
клаузула со која може да се ослободи од договорот и беспари да го напушти Камп Ноу.
Клубови како
Интер и Манчестер Сити чекаа сигнали да тргнат во офанзива, а Жозеп Мариа Бартомеу смируваше. Првиот човек на Барса објаснуваше дека се работи за доверба, дека напаѓачот
го заслужил тоа и откри дека вакви клаузули имало и во договорите на иконите
како Чави и Андрес Иниеста.
Очигледно
„каталонците“ биле во право кога решиле слепо да му веруваат на Аргентинецот и
да му дадат одврзани раце, Лео Меси не ја активираше клаузулата.
Како што
пренесуваат медиумите од Шпанија, синоќа истекол рокот за активирање на клаузулата,
па напаѓачот ќе остане на Камп Ноу до 2021. Се верува дека само прашање на
време е кога тој ќе добие нов договор и ќе ја продолжи соработката за уште
неколку години.