Роберт
Левандовски не сака да го продолжи договорот со Баерн Минхен и сака уште ова
лето да замине од „Алианц Арена“. Се верува дека Полјакот веќе се има
договорено со Барселона и планира кариерата да ја продолжи на „Камп Ноу“.
„Баварците“ не
сакаат лесно да се откажат од услугите на напаѓачот и според пишувањата на
Билд, веќе е одбиен еден предлог вреден 32 милиони евра.
Во меѓувреме,
почесниот претседател Ули Хенес вели дека не му е јасно како Барса може да си
го дозволи голгетерот.
„Барселона сака
да го ангажира Левандовски а пред неколку месеци пријавија долг од 1,3
милијарди евра. Во Германија, од поодамна ќе беа банкротирани. Судија за
банкрот ќе им тропаше на врата и ќе се расправаа со него наместо да
подготвуваат милионска понуда“ – вели Ули Хенес.
Тој потоа додаде:
„Роберт има договор. Во овој момент, никој во Баерн нема да го ослободи од договорот.
Исто така до овој момент не е пронајдена замена за него, па јасно е што ќе
направи клубот“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.