Барса победи десет клубови за да стигне до потписот на голем талент, и веднаш ќе го прати на позајмица

by bojan
1 минути читање
Барселона

„Каталонците“ оваа недела го договорија талентираниот Руни Бардгџи од Копенхаген, но младиот фудбалер нема веднаш да добие шанса, веќе се водат преговори за негова позајмица во Мајорка.

Барселона и Копенхаген си подадоа рака за трансфер на големиот талент Руни Бардагџи, а како што пренесе новинарот Фабрицио Романо, „каталонците“ успеале да го обезбедат потписот на фудбалерот пред повеќе од 10 други заинтересирани клубови.

Но очигледно офанзивниот фудбалер нема веднаш да добие шанса на Камп Ноу, веќе се водат преговори за негова позајмица во Мајорка.

Барса и Мајорка дискутираат за можноста Пабло Торе да се пресели на Балеарските Острови, а на овие состаноци била отворена и темата за позајмица на Руни Бардгџи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×