359
УЕФА дозволува да
се направат максимално три промени на листата за настап во Лига Европа, па
Барселона мораше да шкртне едно од четирите засилувања кои ги донесе во јануари.
Неколку извори од
Шпанија сега пренесуваат дека Чави пресекол и решил Дани Алвеш да не игра во
Европа.
Поради повредата
на Ансу Фати и неизвесната ситуација на Осман Дембеле, тренерот сметал дека е
најдобро на листата да се вметнат Феран Торес, Адама Траоре и Пјер Емерик
Обамејанг.
Овој месец пред
Барселона е првиот предизвик во Лига Европа, плеј-оф дуелот против Наполи и
нашиот Елиф Елмас.