Барса не виде аир од играчот кој го плати 105+ милиони па уште ќе го загуби и за беспари?!

by
1 минути читање

По трансферот на Нејмар во ПСЖ за рекордни 222 милиони евра, Барселона тргна по засилувања и го купи Осман Дембеле од Борусија Дортмунд за 105 милиони евра, плус уште додатни 40 милиони евра во бонуси.

Но „каталонците“ видоа малку аир од Французинот, честите повреди и проблемот со дисциплината придонесоа напаѓачот да не го прикажа својот огромен талент.

Во последно време често се пишува за негов трансфер, а денеска беше објавено дека Осман Дембеле размислува да го одработи во целост договорот со Барса и за беспари да замине во 2022.

Ваквата информација беше објавена од каталонските медиуми Мундо Депортиво и Спорт, двата весника посочуваат дека на играчот во неколку наврати му бил понуден нов договор, но тој го одбил предлогот. Му била понудена и можноста да се пресели во друг клуб, но ја одбил и оваа опција.

Па новиот претседател на Барса ќе треба да најде некакво решение за клубот да не остане со празни раце од инвестицијата вредна околу 130 милиони евра сосе бонуси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×