Барса му понудила нов договор на Меси, Лапорта во петок треба да ги открие деталите

by
1 минути читање

Лео Меси на маса има понуда за останување во Барселона, ова попладнево го објави ТВ3. И покрај тоа што не е завршена ревизијата за да се утврди точната финансиска состојба во клубот, Жоан Лапорта не сака повеќе да чека и доставил предлог за продолжување на соработката.

Претседателот на
Барса утре ќе се појави на прес конференција и се очекува да бидат откриени
повеќе детали.

Се верува дека се
работи за десетгодишен договор поделен во три етапи, односно две години во
Барселона, уште три во САД како амбасадор на клубот додека настапува во МЛС и потоа
уште пет години како дел од раководството на клубот.

Жоан Лапорта
синоќа имал средба со таткото на фудбалерот Хорхе Меси, на крајот од состанокот
двајцата биле среќни и се разделиле во добро расположение.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×