Барса можела да купи три млади ѕвезди: Никогаш не разбрав зошто не ги комплетиравме зделките…

by
1 минути читање

Феран Торес е прва
желба на Чави за засилување во зимскиот преоден рок, но Манчестер Сити постави
сума од 60-70 милиони евра и Барса во моментов не може да си дозволи вакви
бројки.

„Можевме да го
купиме Феран Торес многу порано, имавме неколку интересни извештаи за него. Во
тоа време, беа потребни 7 милиони евра. Не бев само јас, уште неколку мои
колеги имаа позитивни извештаи за неговата игра“
– открива Жозеп Моратаља, кој беше
дел од тимот на „каталонците“ задолжен за засилувања.

„Го следевме секој
млад фудбалер кој отскокнуваше, па и Килијан Мбапе беше во нашите тефтери. На
крајот бирократијата го спречи трансферот (Жозеп Бартомеу и неговите
соработници решија да го ангажираат Осман Дембеле)“.

„Пред Џад
Белингам да потпише за Борусија Дортмунд, беше во Барселона. Сега кога гледам
дека Ливерпул сака да плати 100 милиони евра, се смеам“.

„Никогаш не
разбрав зошто не ги комплетиравме овие зделки…“

Жозе Моратаља на
крајот упати „отровна стрела“: „Ковид-19 не е единствената причина за
проблемите на Барса, лошото раководење во последните неколку години придонесе
за оваа ситуација. Играчи кои го немаа потребното ниво за настап во Барса беа
купени за милионски суми, па сега Барса не може да се надигрува со останатите
гиганти“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×