Барса ќе треба да плати казна за прославата на Меси во чест на Марадона? (ФОТО)

by
1 минути читање

Меси постигна прекрасен погодок против Осасуна, откако го даде голот го соблече дресот на Барселона, а под него имаше дрес на Њувелс Олд Бојс, аргентинскиот тим за кој играше Марадона, а каде што настапуваше и Меси во младинските категории.

На дресот на Њувелс Олд Бојс имаше и реклама на „Јамаха“ која во тој период била спонзор на клубот.

Правилата на Шпанската фудбалска федерација велат дека играч при постигнувањето на голот доколку го соблече дресот и покажа било каков слоган, реклама, цртеж, анаграм… ќе се соочи со казна. Казната е 3.000 евра и предупредување.

Со оглед на сензитивниот момент Фудбалската федерација на Шпанија можеби треба да му прогледа низ прсти на Меси за оваа прослава, но и да го казни, сумата е смешна и за него и за Барса.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×