114
Информациите од Шпанија велат дека цел на Барселона е играчот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Немања Матиќ.
На српскиот фудбалер договорот му истекува во јуни 2023 година, и не се верува дека ќе ја продолжи соработката со Јунајтед, па многу е извесно дека ќе биде продаден во јануари или следното лето со цел да не си оди како слободен играч.
Барселона во Матиќ гледа искусен дефанзивен играч од средниот ред кој би бил поддршка за Бускетс.
Се шпекулира дека цената на Матиќ би била околу 12 милиони евра.