92
Проблемите со срцето на Агуеро и новата повреда на Дембеле, ја принудуваат Барселона да оди на трансфер пазарот по напаѓач.
Според „АС“, првата опција е враќање на Дани Олмо од Лајпциг.
23-годишниот Олмо кој во Лајпциг отиде од Динамо Загреб, беше дел од младинската школа на Барселона, Ла Масија.
Доколку не успеат во намерата да го ангажираат Олмо, планот Б на Барселона е Рахим Стерлинг од Манчестер Сити.
Стерлинг оваа сезона има се помала минутажа и е подготвен да замине од Манчестер Сити и да се пресели во тим каде што почесто би бил на теренот.