Жоан Лапорта
обезбеди заем од 500 милиони евра, пари со кои полесно ќе се дише, но Барселона
ќе мора да направи одредени жртвувања за да се подобри финансиската ситуација.
АС сега говори за
идејата за продажба да се стави Марк Андре Тер Штеген, голманот има висока цена
(според Трансфермаркт вреди 75 милиони евра) и може да донесе огрмна сума во
буџетот.
Услов за ова е
можноста да се најде соодветна замена, односно ангажман на Џиџо Донарума. Италијанецот
ги одработува последните месеци од договорот со Милан и кава одлука ќе донесе
зависи од настапот на „росонерите“ во Лигата на шампиони.
Доколку Милан обезбеди
топ 4 пласман, за очекување е Џиџо Донарума да остане на Сан Сиро, но без
настап во најелитното европско натпреварување, голманот веројатно ќе си ја побара
среќата на друго место.
Жоан Лапорта има
одличен однос со Мино Рајола, па може да издејствува една ваква зделка и да го
донесе Џиџо Донарума на Камп Ноу.