158
Аргентинецот минатиот месец се пожалои на болки во градите и потешкотии во дишењето на мечот против Алавес. Тестовите покажаа дека се работи за аритмија и во прв момент беше пренесено дека напаѓачот ќе паузира најмалку три месеци.
Сепак, подоцна беше објавено дека проблемите се посериозни и дека докторите го советуваат фудбалерот да почне да размислува за крај на кариерата.
Медиумите од Шпанија сега пренесуваат дека Кун Агуеро донел одлука и во среда на прес конференција ќе соопшти дека става крај на кариерата на 33 години.