717
Барса испушти
шанса да скокне на врвот, „каталонците“ имаа прилика со триумф над Гранада да
се стават во пол позиција во трката за титулата, но неочекувано киксираа и
загубија.
Лео Меси погоди
во 23. минута по едно двојно проигрување со Гризман, но гостите ги шокираа
„каталонците“ во продолжението од мечот.
Најпрво Мачис
погоди за 1-1 во 63. минута, за Молина во 79. минута да го матира Тер Штеген со
глава за 1-2 и големо изненадување.
По овој пораз,
Барселона остана на 71 бод, колку што има и Реал Мадрид. Атлетико Мадрид остана
лидер со 73 бода а Севиља ја чека својата шанса во позадина со 70 бода.