Барса има формула како да стигне до 111 милиони за Лаутаро Мартинез, ама малку ја прецени својата резерва

by
1 минути читање

Од таборот на
Интер изминативе денови во неколку наврати порачаа дека единствен начин за
Барселона да го ангажира Лаутаро Мартинез е да одвои 111 милиони евра, колку
што изнесува откупната клаузула на Аргентинецот.

Сепак, „каталонците“
ниту сакаат, ниту пак можат да платат во кеш 111 милиони евра и нудат играчи
како дел од зделката. Изминатиов период низ медиумите кружеа најразлични имиња,
а последните информации велат дека на маса ќе биде ставен фудбалер по мерак на Антонио
Конте.

Мундо Депортиво објави
дека Барселона има формула како да стигне до 111 милиони евра, односно ќе
понуди 70 милиони евра во кеш, плус услугите на Жуниор Фирпо, кого го проценуваат
на 41 милион евра.

Точно е дека Домениканецот,
кој има и шпански пасош и се реши за дресот на „црвената фурија“ со својата
експлозивност,
брзина и издржливост може добро да се вклопи во 3-5-2 формацијата на Антонио
Конте, но „каталонците“ маллку го преценуваат левиот бек, кој всушност е
резерва на Камп Ноу и практично не покажа ништо по преселбата од Бетис вредна
18+12 милиони евра, па прашање е како толку многу му скокнала цената.

Се верува дека
Интер е подготвен на компромис, но само доколку добие 90 милиони евра и еден
фудбалер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×