174
Емилијано Мартинез се збогуваше со навивачите на Астон Вила, аргентинскиот голман во следната сезона ќе брани за нов тим.
Информациите од Шпанија велат дека Мартинез има понуди од Барселона и Манчестер Јунајтед.
Јунајтед веројатно ќе се раздели од Андре Онана или барем ќе го седне на клупа поради големиот број на киксови кои ги има. Ѓаволите се во потрага по нов голман, а Мартинез би бил идеално решение.
Нов голман бара и Барселона. Шчесни беше вратен од пензија и си го одработи своето, а неизвесно е дали Тер Штеген ќе остане.
Наводно и Каталонците го сакаат Емилијано Мартинез кој важи за еден од најдобрите голмани во моментов.