Откако синоќа Кун
Агуеро беше промовиран како прво засилување за новата сезона, утрово пристигна
потврда за второто ново име на Камп Ноу.
Барселона соопшти
дека е постигната согласност со Ерик Гарсија за договор до јуни 2026 година во
кој ќе има откупна клаузула од 400 милиони евра.
Дефанзивецот ќе
пристигне беспари на 1. јули откако ќе му заврши договорот со Манчестер Сити.
Зделката е налик
на онаа на Жерард Пике од пред 13 години. Ерик Гарсија е продукт на „Ла Масиa“
но во 2017 реши да замине и да си ја проба среќата во Премиерлигата, во
редовите на Манчестер Сити. Откако не доби многу шанса да се докаже во дресот на „граѓаните“, Шпанецот
реши да се врати на Камп Ноу.
— FC Barcelona (@FCBarcelona) June 1, 2021