Барса доби нов судски спор, Нејмар индиректно ќе им донесе 2,9 милиони евра

by
1 минути читање

„Каталонците“
неодамна го добија Нејмар на суд, Бразилецот треба да им исплати 6,7 милиони
евра. Барселона сега доби уште еден спор во кој индиректно е поврзан напаѓачот.

Медиумите од
Шпанија пренесуваат дека Барселона го добила спорот со Сантош за трансферот на
Габриел Барбоса во Интер.

Како дел од
трансферт на Нејмар, Барса доби опција прва да купи неколку талентирани играчи
од академијата на Сантош а еден од нив беше популарниот Габигол. Фудбалерот во
2016 направи трансфер во Интер вреден околу 30 милиони евра, а „каталонците“
спореа дека е прекршена клаузулата.

Имено, Барселона
требала да биде известена дека Сантош добил понуда, но и да добие три дена да
ја изедначи истата.

Сантош ги известил
„каталонците“ за понудата од Интер, но не им оставиле три дена, туку 48 часа,
клубот од Бразил се правдаше дека немало време за ова бидејќи предлогот од „нероаѕурите“
пристигнал во последните мигови од преодниот рок и доколку се чекало, ќе пропаднела
зделката.

Судот сепак не го
прифати образложението, пресуди во полза на Барса и клубот од Камп Ноу треба да
добие 2,9 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×