Барса брзо се пишмани со засилувањето од 60 милиони евра, летоска ќе му бара нов клуб на Витор Роке

by bojan
1 минути читање
Витор Роке

Спортскиот директор на Барселона, Деко одлучил да му бара нов клуб на 18 годишниот Витор Роке, напаѓачот летоска или ќе биде испратен на позајмица, или пак ќе биде продаден.

Барселона минатата година го капариса талентираниот Витор Роке, кој требаше да пристигне во Шпанија пред почетокот на сезоната 2024/25.

Но „каталонците“ решија предвреме да ја започнат соработката со напаѓачот, и Бразилецот во јануари беше промовиран како ново засилување.

Сепак, Чави не смета сериозно на него, и се почесто се говори дека Витор Роке следната сезона нема да биде дел од Барселона.

Според СЕР Каталуња, Деко веќе одлучил да му бара нов клуб на Бразилецот, па на агентот Андре Кари ќе му предложи позајмица. Во случај Витор Роке да одбие да оди на калење во друг клуб, Барселона ќе го продаде напаѓачот.

За услугите на Витор Роке беа платени 31+30 милиони евра, и Барселона ќе сака да врати што е можно поголем дел од оваа сума.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани