Интер утревечер
ќе ги одмери силите со Шахтар на домашен терен во последното коло од групната
фаза во Лигата на шампионите, а составот предводен од Антонио Конте мора на
победа доколку сака прогрес во нокаут фазата.
Сепак, не зависат сите работи од
Нероаѕурите со оглед на моменталната ситуација на табелата во конкуренцијата „Б“
каде лидер е Борусија Менхенгладбах (8), по што следат Шахтар (7) и Реал Мадрид
(7), а италијанскиот прволигаш е последен (5).
Во Италија
известуваат дека Нероаѕурите утревечер би можеле да бидат без Николо Барела, а
освен него, би отсуствувал и Артуро Видал, а што се однесува пак до Барела,
италијанскиот репрезентативец се здобил со повреда на коленото за време на вчерашниот тренинг.
Денеска ќе бидат
извршени подетални лекарски прегледи врз 23 годишниот фудбалер по што ќе биде
прецизирано дали ќе биде во комбинација за настап против Украинците, а што се
однесува пак до Видал, тој го пропушти вчерашниот тренинг, а извесно е дека ќе
отсуствува против Шахтар.
Конте ќе мора да
ги разгледа опциите Ериксен и Сенси, во случај Барела да биде и дефинитивно во
аут за пресметката со Шахтар.