Барди во Шпанија мораше да докажува дека возачката дозвола не му е фалсификувана (ФОТО)

by
2 минути читање

Македонскиот
репрезентативец и член на шпанскиот прволигаш Леванте, Енис Барди имал проблем
со локалната полиција во Валенсија откако бил запрен при рутинска контрола со
неговото возило „Порше Панамера“.

Според
информациите кои ги објави весникот „Лас
Провинсиас“, се вели дека полициските службеници се посомневале во тоа дека
возачката дозвола на Барди била фалсификат, а наводно недостасувале безбедносни
точки во самата пластична картичка откако истата била проверена со УВ светло.

Самиот Барди се одзва
на социјалните мрежи да ја појасни таа ситуација и да наведе дека
недоразбирањето е веќе расчистено со фактот што добил потврда од нашите
институции.

Сакам да
објаснам дека возачката дозвола која им ја презентирав на полициските
службеници е потврдена од соодветните институции во мојата земја, ова утро веќе
и го доставив на локалната полиција сертификатот издаден денес од
Министерството за внатрешни работи на мојата земја, што ја потврдува валидноста
на документот, со тоа ќе се расчисти недоразбирањето кое е создадено
“ се вели
во објавата на македонскиот репрезентативец.

„Лас Провинсиас“ инаку во веста додава дека Барди, кој не важи за проблематична особа, имал доста коректно однесување со полициските службеници во моментот на рутинската контрола, а покажал одлична соработка со нив.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани