Шпанскиот прволигаш е во
криза, и тоа е факт, тимот од Валенсија сигурно имаше зацртано поинакви цели во
однос на натпреварите каде за противници би имал екипи од калибарот на Џирона,
па и Атлетик Билбао.
Веќе три натпревари
тимот на нашиот 22 годишен репрезентативец Енис Барди делува очајно на теренот,
додатно, неколку првотимци недостасуваат, а истите се повредени, меѓу нив и Колумбиецот
Лерма кој заедно со Барди се „алфа и омега“ во тимот.
По поразот од Атлетик
Билбао со 1-2 на домашен терен, Леванте гостува кај Севилја во петок, а потоа
на домашен терен го пречекува Легањес за крај на оваа календарска година.
Барди има веќе четири
жолти картони од натпреварите во Примера, нема дилеми дека мечот против Легањес
ќе биде одлична шанса со победа да се заврши оваа календарска година, но
доколку сака да настапи на тој дуел, најпрво Македонецот мора да биде мошне
внимателен на мечот во петок, каде не смее да заработи жолт картон, за да не
добие суспензија за мечот со Легањес.
Извор: lavanguardia.com
Фото-вест:
marca.com