Македонскиот репрезентативец, Енис Барди преку социјалните мрежи потврди дека заминува од редовите на Бодрум.
Барди во пораката изрази благодарност до лицата во клубот, а во наредниот период ќе одлучи каде ќе ја продолжи кариерата.
Драго семејство на Бодрум, Искрено ви благодарам на сите за вашата посветеност и безусловна поддршка во овој тежок период – секогаш бевте покрај мене. Можеби не ја остваривме нашата цел, но сигурен сум дека се боревме до самиот крај, не се предадовме, пораснавме и научивме многу. Му благодарам на нашиот претседател, на техничкиот тим и на целиот клупски персонал за прекрасните моменти што ги поминавме заедно. Секогаш ќе бидете во моето срце.
Во редовите на Бодрум Барди пристигна во јануарскиот преоден рок, а претходно во кариерата настапуваше уште за Трабзонспор, Леванте, Ујпешт, Брондби и Шкупи.
Фото: Sipay Bodrum FK/X