„Барди имаше тешка недела, но ја надмина и сега е сто проценти подготвен“

by
1 минути читање

Шпанската полиција се сомневаше дека Енис Барди има фалсификувана возачка дозвола, нашиот фудбалер требаше да докажува декак неговиот докуменет е исправен.

Тренерот на Леванте, Пако Лопез вели дека тоа бил тежок моменет за Барди, но проблемот е решен и македонскиот репрезентативец сега е комплетно фокусиран на фудбалот.

„Енис имаше тешка недела, но за среќа проблемот е веќе решен. Тој е феномен, се обиде да го реши проблемот и успеа иако тоа беше тежо момент за него. Барди е многу одговорно момче буквално за се, сега го имаме сто проценти посветен и ментално и физички за следниот предизвк. Воодушевен сум како го надмина овој период“, вели Пако Лопез.

Леванте денеска го игра својот меч од колото, од 18:30 му гостуваат на Еибар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани