3,2K
Македонија со 2-1 го победи Косово и се пласираше во финалето на плеј-офот кое на 12. ноември ќе го игра против Грузија на гостински терен.
„Натпреварот го почнавме со притисок, беше тешко да се влезе во мечот. Бевме одлично поставени, тие нема ниту една шанса освен грешката наша што ја направивме што е нормално во фудбалот. Но и по примениот гол продолживме да ја играме нашата игра, да одиме на победа, тоа ни беше целта да триумфираме и да одиме во финале“, вели Барди по мечот.
„Гладни сме за да одиме на Европско првенство и ќе дадеме се од себе против Грузија за да се пласираме таму“.
Фото: ФФМ