Барди даде гол во големото дерби на Валенсија (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Леванте прокоцка водство од 2-0 во мечот со Валенсија и забележа нов пораз во Ла Лига. Енис Барди во игра влезе во 77. минута и покажа дека местото не му е на клупата.

Леванте поведе со голови на Кампања и Матри, а пред крајот на првиот дел Гуедеш намали на 2-1.

Следуваа три голови на Валенсија во второто полувреме, Солер погоди двапати, а еден гол даде Гуедеш, негов втор на мечот за водство на Валенсија од 4-2.

Во 90. минута Барди даде гол кој прво беше поништен поради офсајд, но ВАР ја корегираше таквата одлука и Леванте намали на 4-3.

Во финишот од мечот по центаршут на Барди, Леванте имаше и шанса за израмнување, но Силесен го одбрани ударот.

По 18 одиграни кола Леванте е закован на дното без ниту една победа. Има само осум бодови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×