Барди: Албанец сум, но го давам максимумот за Македонија, имаме меѓусебна почит, креираме посебна приказна

by
2 минути читање

Македонскиот
репрезентативец и член на шпански Леванте, Енис Барди во интервју за албански „Суперспорт“
вели дека не е потребна еуфорија по победата над Косово и чекорот до историски
пласман на Европското првенство идната година, а финална пречка е Грузија.

Многу сме среќни
што успешно го минавме мечот со Косово, но, ништо не е говото, пред нас се уште
90 минути, морам да признаам дека и Косово одигра навистина добар меч,
чувствувам жалење за момците, но сигурен сум дека наскоро тие ќе се пласираат
на Европското првенство. Нам не ни е потребна еуфорија, всушност, не верувам
дека тоа постои кај нас, сите фудбалери доволно добро се внимателни за
значењето на мечот со Грузија
“ вели Барди во интервјуто, а потоа посочи дека
иако е Албанец, го дава максимумот за Македонија, а во тимот има голема
меѓусебна почит, заклучувајќи дека креираат приказна која досега никој не
успеал докрај да ја реализира.

Пресметката со
Косово беше посебна, по мечот слушнав позитивни, но и негативни коментари,
секој фудбалер треба да го даде максимумот за тимот во кој што настапува. Јас
сум Албанец и никој не ми го негира тој факт, но, го давам максимумот за
Македонија за професионалниот прогрес, никогаш не сме имале никакви проблеми во
тимот, имаме меѓусебна почит, а на теренот сите го даваме максимумот, како тим,
ние можеме да креираме една посебна приказна која досега никој не успеал да ја
направи
“ вели Барди.

Запрашан за
актуелната ситуација во однос на неговиот договор со Леванте кој истекува во
2022. година, Барди вели дека во тој клуб се чувствува како во свој дом, не
планира да си замине.

Фото-вест: ffm.mk (архива)

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани