Бешикташ и Адана
Демирспор синоќа одиграа возбудлив натпревар, домаќините водеа 3-0 но гостите
не се предадоа и во 97. минута
успеаја да се изборат за 3-3 и бод од гостувањето кај шампионот на Турција.
Во центарот на
вниманието беше Марио Балотели, кој постигна голчиште во 79. минута од мечот и
намали на 3-2. Напаѓачот веднаш се упати кон клупата на Бешикташ и испрати
провокација до тренерот Серген Јалчин.
По крајот на
натпреварот, луѓето од таборот на Бешикташ му се пуштија на Марио Балотели, настана голема
мешаница и за малку не дојде до голем инцидент.
Сопственикот на
Адана Демирспор изјави дека Марио Балотели претерал со својата прослава и не
требал да се однесува така, но тоа не го спречи Италијанецот да испрати нова
провокација на социјалните мрежи.
„Имаме мозок, но особено имаме муда и срце! Многу големо срце и горди сме на тоа“ – напиша контроверзниот
напаѓач на Инстаграм.
