284
Балотели пред извесно време потпиша за Монца но се уште немаше настап поради тоа што не беше подготвен.
Напаѓачот беше на режим, намали 5 килограми и денеска би можел да го има првиот настап.
„Се надеваме дека неговата авантура во Монца ќе биде среќна, слична на онаа во Милан во 2012-2013“, изјави Галијани.
„Потребно му е време, бидејќи нема официјален натпревар од март, но работи, ослабе се враќа во форма“.
„Гледајќи го на тренинг, ќе кажете дека е играч од светска класа требаше да направи повеќе во кариерата. Штета што фрли во канта толку многу години“.
Монца која е четврта на табелата, денеска го пречекува лидерот во Серија Б, екипата на Салернитана.