„Балотели очигледно треба да престане да игра фудбал“

by
1 минути читање

Балотели кој во август ќе наполни 30 години повторно е во центарот на вниманието поради нефудбалски работи.

Сега има проблеми со Бреша која поради неговото проблематично однесување сака да му го раскине договорот и да го избрка од клубот.

Балотели претходно играше за Интер, Манчестер Сити, Милан, Ливерпул Ница и Марсеј, и во секој од тие клубови без исклучок беше проблематичен.

„Веќе е јасно дека Балотели треба да престане да игра“, вели агентот Валкареџи а дел од вината префрла и на агентот на фудбалерот Мино Рајола.

„Мислам дека Рајола треба да прифати дел од одговорноста, бидејќи тој не му помага на Балотели да напредува. Напротив, тој го презентира него како голем шампион а потоа резултатите се срамни“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани